jump to navigation

Бариери за започнување бизнис – решете ги веднаш !! Септември 9, 2010

Posted by biznisidea in Успешни приказни.
1 comment so far

Многу луѓе ги мразат своите работни места и потајно размислуваат да започнат сопствен бизнис … Еден од нив сум и јас . По многу размислување  решив да го напуштам работното место ( иако бев добро платен и имав многу бенефиции )

Денес , сфаќам дека премногу сум чекал да го направам вистинскиот потег , бидејќи НАЈДОБРО ВРЕМЕ ДА ОСНОВАШ СОПСТВЕНА КОМПАНИЈА Е ВЧЕРА !!!

Дознајте,  како да ги решите  проблемите кои го мачат секој претприемач во остварувањето на својот сон

1. НЕМАТЕ ДОВОЛНО  СРЕДСТВА  (  No money , no funny )

Немањето доволно средства е основен проблем на секој претприемач Заборавете на фенси канцеларија , удобна фотеља , скапи каталози и сл.

Започнете со штедење , позајмете од најблиските , најдете бизнис партнер …

Целта на секој  бизнис е да се издигне на почетокот и да ја оствари најосновната задача … Пронајдете  потрошувачи ( клиенти ) на кои ќе ги продадете вашите производи / услуги .

Со малку повеке труд и упорност , пронајдете го првиот потрошувач  (клиент) и парите инвестирајте ги повторно во вашиот бизнис .

Повеке од 48 % од компаниите кои се на листата на Inc. 500 , започнале бизнис со помалку од 20 000 $ .

2. НЕМАТЕ ДОВОЛНО ВРЕМЕ

Работите преку цел ден , имате фамилија , сакате да уживате со пријателите за викенд …. Времето е ресурс кој можеме да го контролираме !

Ако сакате да бидете успешни , морате подобро да го организирате вашето време . На почетокот ке морате да жртвувате дел од скапоценото време , но верувајте се исплаќа :)

3. НЕМАТЕ ПОДДРШКА

Без поддршка од најблиските , ваквиот потфат може да е ризичен . За да ја добиете поддршката од пријателите или семејството , одвојте малку време да му објаснете за вашиот бизнис , и направете краток и јасен бизнис план .

4. НЕМАТЕ ХРАБРОСТ

Колку повеќе размислувате за почетокот , толку повеќе изговори наоѓате за да се откажете . Најголема пречка е стравот !

Во едно интервју , Tony Magee , извршниот директор на пиварата Lagunitas , вели дека стравот е најголемиот мотиватор . Токму тој е причината за неговиот успех во секојдневното работење .

Направете го и вие вистинскиот чекор и бидете дел од успешните !

Кои се причините кои ве спречуваат во остварувањето на вашата идеа ?

Ги очекувам вашите одговори …

Август 23, 2010

Posted by biznisidea in Uncategorized.
add a comment

Се повеке расте  бројот на претприемачи кои своето богатство го стекнале на интернет .

biznis idea ebay

Biznis Idei

Еден од најдобрите начини да заработите пари е да отворете  онлајн продавница, тврди добро познатиот сајт  eBay .

Според податоците на овој популарен сајт за онлајн аукции , бројот на милионери , кои го користат сајтот , се зголемил за 10 пати , од почетокот на рецесијата . Компанијата предвидува дека  оваа година  127 Интернет бизниси ке  заработат  повеќе од еден милион фунти (1.220.000 €) , истакнувајќи дека тоа е двапати повеќе од 2009 година, кога имаше  66 милионери кои се збогатиле на овој начин.

Пример за тоа е извесен Ворен Блејдс , кој ја основал пордавницата “Online4baby” , и набрзо имал голем успех . Просечната цена на производите кои ги продава е 50 фунти .

Експертите тврдат дека  е полесно да се започне онлајн бизнис  поради  ниските почетни  трошоци , но трговците се уште треба да најдат нешто што другите  се уште не го нудат.

Имате и вие милионска онлајн идеа ?

Слободно контактирајте со нас и започнете сопствен бизнис уште денес !

Август 23, 2010

Posted by biznisidea in Трендови.
add a comment

Како да заработиш од твојот вебсајт ??? Август 9, 2010

Posted by biznisidea in Успешни приказни, маркетинг.
add a comment

Секојдневно сме сведоци на се поголем број на сајтови, блогови , форуми  кои се појавуваат на интернет .  Основен мотив на секој сајт , најнормално е Профитот .

интересно идеа

Заработката преку интернет најчесто доаѓа од маркетингот . Меѓутоа да се најде реклама за вашиот сајт и не е толку лесна работа . Не сите сајтови можат да се пофалат со добра заработка .
Еве неколку совети како да го направете вашиот сајт , профитабилен :

- Имате ли популарен сајт ?

Пред да започнете да нудете интернет реклама на вашиот сајт , проверете дали имате доволен број на посетители . Што поголем број на посетители имате , тоа е подобро за вас

- Фокусирајте се!

Се случува да имате многу посети на вашиот сајт , меѓутоа ви недостигаат огласувачи . Одредете коај е целната група која го посетува вашиот сајт и понудете му на огласувачите конкретно решение .

- Професионален дизајн

Многу е битно , каков ке биде изгледот на вашиот сајт , доколу сакте да привлечете огласувачи , а и посетители се разбира . Инвестирајте и средствата ке ви се вратат , со сигурност .

- ” Маркетинг ” страница

Задолжително поставете страна на вашиот сајт каде кратко и јасно ке покажете што нудите и под кои услови . Дајте детали за посетеноста на вашиот сајт , кој го посетува и други детали кои се од значење за огласувачите .

- Колку да наплатете

Потенцијалните огласувачи сакаат да видат резултати , за средствата кои ги потрошиле . Создадете вредност на вашиот сајт .Само така може да ја постигнете бараната цена

Поставете флексибилни услови за начинот на плакање .

- Бидете отворени

Оставете телефонски број , контакт адреса , е-маил во делот за контакт . Бидете отворени за соработка . Закажете состанок со потенцијалните огласувачи …

Во прилог имате пример како тоа би требало да изгледа вашиот сајт  , доколку сакате да имате сајт кој ке го сакаат и посетителите и огласувачите :

http://interesno.com.mk/marketing

Најдобар начин за промоција на вашиот бизнис е … Февруари 10, 2010

Posted by biznisidea in Uncategorized.
add a comment

Бизнис планирање за почетници Февруари 5, 2010

Posted by biznisidea in Претприемништво.
add a comment

Секој успех е претходно добро осмислен

Отсекогаш се дебатира околу планирањето и спонтаноста. Личностите кои планираат веруваат, дека за да биде човек успешен мора се да испланира, додека оние на кои планирањето не им е јака страна, ги прифаќаат работите онака како што доаѓаат и реагираат во моментот кога ќе се случи нешто.
Ако вие сте некаде помеѓу и мислите дека би имале поголем успех доколку ги испланирате нештата, а не знаете како да го направите тоа, следните совети се за вас.

- Одредете што сакате

Запишете што сакате и на краток и на долг рок. Немој да мислите дека пописот во главата ви е доволен, зошто така целта никогаш нема да се постигне. Извадете молив и хартија и напишете ги желбите

- Настојувајте кон 10% поголемо остварување од поставената цел и 10% пократок рок
Сите знаеме дека ниедна цел не е лесно остварлива, но ако се потрудите повеќе ќе ги зголемите своите шанси за остварување на целта. Зошто главно секогаш е потребно да се вложи повеќе труд и време од планираното.


biznis idea

- Поставете рокови
Ако само си речете дека сакате стан, тоа значи дека можете да го купите и за педесет години. Поради тоа би требале да поставите рокови, до кога вашите желби треба да се остварат. Потрудете се роковите да бидат реални. Нема шанси да купите стан во рок  од два месеци. А кога ги поставувате роковите земете ги во предвид своите можности и способности.

- Започнете со она што го имате

Кога нулата се множи со било кој број и понатаму останува нула. Така ќе биде и со вашата цел, ако сакате да ја остварите од ништо. Ако сте невработен, не можете да заштедите ниту да подигнете кредит за стан. Тогаш првата цел треба да ви биде да најдете работа, а потоа да размислувате за стан.

- Гледајте пошироко
Оваа е можеби потешко од се друго. При планирањето секогаш гледајте како тоа се вклопува во пошироката слика. Постои опасност доколку се насочите само на целта никогаш да не ја постигнете. Мора да видите како таа се вклопува во вашиот животен стил и вашите можности, поточно во опкружувањето во кое планирате да ја остварите таа цел

- Бидете подготвени на препреки

Мудриот човек секогаш ќе води грижа и за пречките и потешкотиите при остварувањето на својот план. Обидете се да предвидите што би можело да тргне на лошо и како ќе го надминете сето тоа.

- Пронајдете најслаба точка на својот план

Секогаш мора да постои најслаба точка. Тоа е нешто на што сметате, а не сте сигурни дека ќе помине. Затоа секогаш направете си резервен план, односно план Б.

- Престанете да планирате и почнете да дејствувате

Работата на планот е дел од планот. Планираната цел разделете ја на повеќе делови и тргнете со првиот чекор. Како што ќе се приближувате до целтта, нормално е попатно да го менувате планот. Никогаш не е можно да ги предвидите сите околности, па често ревидирајте го планот и барајте ги оние точки во кој можете да го подобрите.

Каматните стапки намалени и до 11 отсто! Јануари 30, 2010

Posted by biznisidea in Македонија.
add a comment

Ова е најголемо намалување на каматите што го направи некоја банка од декември лани кога почна падот на каматните стапки. За дел од веќе одобрените кредити за население тие се намалуваат и до 10,64 проценти

Од понеделник 1 февруари ТТК Банка АД Скопје ги намалува каматните стапки на кредитите за население, а изврши и промена на каматите на депозитни производи за правни и физички лица. За дел од одобрените и пласирани кредити за население каматите се намалени од 0,12 до дури 10,64 процентни поени, а за новите кредити намалувањето е од 0,12 до 3,12 проценти.
biznis idea
Намалувањето на каматите на депозитите за физички лица, како што потенцираат од банката е незначително односно 0,45 процентни поени за депозити орочени во денари и 0,2 процентни поени за депозити орочени во евра.

Кај депозитните производи наменети за правни лица, ТТК Банка, изврши минимални промени, односно намалување на каматните стапки за депозитите орочени во денари од 0,1 процентни поени до 0,5 процентни поени и намалување на каматните стапки за депозитите орочени во евра за 0,30 процентни поени и за депозити во други валути од 0,2 процентни поени.

-Промените важат од 1 февруари и ќе се однесуваат за сите новосклучени договори за кредити и депозити, како и за веќе склучени договори за кредити пред 31 јануари 2009 год, велат од Банката и додаваат дека за наредниот период се подготвуваат и атрактивни пакети и нови производи, како за населението така и за претпријатијата.

Се намалува царината за стари возила на 1% Јануари 28, 2010

Posted by biznisidea in Македонија.
Tags:
add a comment

Царинската стапка за стари возила увезени од Европската унија ќе се намали од два на еден отсто. Според директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, царинската стапка за увоз на стари возила од земји надвор од ЕУ ќе се сведе на царинската стапка за нови во висина од пет отсто.

biznis idea
-Со стапувањето на сила на прописите, Царината нема да има проблем во работењето, смета Каргов. Тој објаснува дека овие измени истовремено ќе го решат и проблемот на 20.000 возила со странски регистарски таблички. Каргов најавува имплементација нови информатички технологии во работата на Царината, што ќе придонесе за нејзино поефикасно работење.

Операторите се свртуваат кон мобилните пребарувања Јануари 28, 2010

Posted by biznisidea in Трендови.
Tags: , ,
2 comments

Главната услуга за која ќе се води жестока битка меѓу мобилните оператори во 2010 година, ќе биде мобилното пребарување, стои во истражувањето “Трендови во телекомуникациите” што го направи консултантско-ревизорската компанија Deloitte. Имено, иако пазарот за мобилно пребарување е “тежок” од милијарда до две милијарди долари, оправдноста за ваквото очекување на Deloitte го покажува и фактот дека се очекува продажбата на “паметни” телефонски апарати во 2011 година да ја надмине вкупната продажба на компјутери.

- Природата на мобилното пребарување е импулсивна, бидејќи е во согласност со моменталните потреби, па веруваме дека тој сегмент ќе ја подигне услугата за 10 проценти – сметаат во Deloitte.

biznis idea

Се предвидува дека во наредниот период телекомите во светот ќе се фокусираат на што поквалитетно користење на своите ресурси и на понудата на нови решенија за користење на постојните можности на мрежите.

Трендовите покажуваат дека мобилниот интернет ќе се сврти од flat rate пакетите и дека корисниците ќе мораат да плаќаат онолку колку што ќе потрошат, што е тренд во светот.

www.biznisidea.wordpress.com
- На многу пазари стапката на пенетрација на мобилна телефонија е многу висока, освен на пазарите на Кина и Индија, како и во некои земји на Средна и Источна Европа – велат од Deloitte.
Од Deloitte не гледаат простор за поголемо зголемување на приходите, туку сметаат дека 2010 година ќе ја одбележи сечење на трошоците во секторот и своеврсно окрупнување на играчите, односно консолидација.

Има ли услови во Македонија за развој на претприемништвото и малите бизниси ? Јануари 23, 2010

Posted by biznisidea in Uncategorized.
Tags: ,
add a comment
Follow

Get every new post delivered to your Inbox.