jump to navigation

Зошто Google се повлекува од Кина ? Јануари 16, 2010

Posted by biznisidea in е-бизнис.
Tags: , , , , ,
add a comment

Лесно е да се предадеш , кога веке си ја загубил битката . Тoкму тоа го прави Google  во Кина .

www.biznisidea.wordpress.com

И покрај фактот што тие го зголемиjа пазарниот удел од 15 % во средината на 2006 , денес на 31 % , компанијата се надеваше на уште повеке . Kai-Fu Lee поранешен претседател на Google China , изјави дека Google во 2006 , не само што сакаше да понуди конкурентен производ на кинескиот пребарувач Baidu , туку да заземе супериорна позиција . Меѓутоа , тоа не се случи .

Напротив,  Baidu само го зголеми својот удел од 47 % во 2006 , на 64 % . Тоа е големо водство !!!

Baidu  е креација на кинескиот претприемач Robin Li , кој започна во 1999 , истиот период кога и Larry Page и Sergey Brin , го лансираа Google во Силиконската Долина . Но тој многу подобро го разбира кинескиот пазар од било кој вработен во Гугл .

Супериорноста на Baidu  на кинескиот пазар се должи на неколкуте иновативни опции за пребарување , прилагодени на локалните вкусови . Baidu воведе услуги ориентирани кон заедницата. Baidu исто така нудат инстант пораки, кои се хит во Кина .
Плус, Baidu беше прв на пазарот со мобилни пребарување и нудат информации во мултимедијалниот дел , вклучувајќи  и видео клипови. Baidu исто така формираше национална мрежа на препродавачи на реклами во 200 кинески градови кои ги  едуцираат бизнисите за моќта на онлајн рекламирање – чекор кој  Google не го преземаа.

Baidu има и опција за пребарување на  музика, која , исто така се покажа многу популарна. Тие соработуваат со музичките  етикети и нудат  овластени преземања !

Еден друг клучен фактор , можеби најсилен , го стави Baidu во водечка позиција : Нејзината технологија за пребарување на Мандарински јазик. Мандаринскиот е јазик кој најмногу се говори во светот !!!

Исто така Google се соочува со цензура , која е пристуна на кинескиот пазар , но и Baidu подлежи на цензура .

Како и да е , и покрај сите напори Google ја губи битката против Кинескиот гигант , и доколку излезе од пазарот кој носи 300 000 000 $ , му остава простор на кинескиот пребарувач да има моноплска позиција .

Со 300 000 000 интернет корисници и 670 000 000 корисници на мобилни телефони во Кина , Baidu во иднина може да доминира глобално и да го надмине Goolge .

Токму тоа , Robin Li , без сомнеж пред некое врме го изјави .

Што еден претприемач може да научи од Google ??? Јануари 16, 2010

Posted by biznisidea in е-бизнис.
Tags: , , ,
add a comment

Google е еден од најмладите пребарувачи на интернетот кој започнува при крајот на последната деценија во минатиот век. Но, за кратко време станува број еден пребарувач користен низ целиот свет. Како една млада компанија во еден претприемнички дух Google ја започнува борбата со тогашните џинови во светот на пребарување на интернетот како што се Yahoo, Altavista, Lycos, Inktomi, Excite, AOL Search,  AllTheWeb и уште многу други.

Што го прави Google толку посебен?

Кога го купив првиот персоналец во 1998 година продавачот нормално ми инсталираше оперативен систем и придружни програми и ми ја подеси интернет конекцијата (dial-up se разбира). При тоа подесување како почетна страна на Internet Explorer-от ми го ставија Yahoo. И нормално кратка обука дека тоа е пребарувач, напишеш во полето за пребарување клучен збор и тој ти ги листа веб страните кои се најблиску до клучниот збор. Се сеќавам дека во тоа време кога барав некоја информација требаше да одам дури и до 50-тата страна за да го најдам она што го барав. Понекогаш како прв на Yahoo ми се јавуваше некоја страна која немаше никаква врска со тоа што го барав. Она што уште ме нервираше е што почетната страна на Yahoo беше преполна со слики и банери па мојот спор интернет уште поспоро ја отвараше. Не се сеќавам како, но случајно налетав на тогаш новиот пребарувач кој подоцна го измени изгледот и начинот на користењето на интернетот – Google. Од тогаш веќе заборавив на Yahoo како алатка на интернетот за да дојдам до информација. Што е она што мене, а сигурно и милионите корисници во светот ги натера да го заборават Yahoo.

  • Едноставен дизајн. За разлика од другите пребарувачи Google на почетната страна ја имаше само формата за пребарување со сликичката на нивното лого и ништо повеќе. Мојот спор интернет ја отвораше многу побргу во однос на другите пребарувачи. Значи претприемачите мора да размислат за дизајнот на сопствениот производ или пак услуга во однос на корисниците.
  • Точни резултати. Кога пребарував нешто наместо да одам до 50-тата страна успевав да дојдам до потребните информации барајќи низ првите 5 страни од резултатите. Ова значи дека Google даваше многу подобри резултати. Втората работа еден претприемач што може да ја научи од Google e функционалноста на нивниот производ за мене како корисник.
  • Лесно читливи резултати. Резултатите кои ги добивав се лесно разбирливи и читливи. Значи можев брзо да разберам дали е тоа тоа што го барав.
  • Постојано воведување на новини. Постојано Google воведуваше нови функционалности на нивниот пребарувач. Воведоа пребарување на слики, пребарување на весници, пребарување на блогови… Сето ова постојано го подобруваше моето искуство во однос на барање на информација на интернет.
  • Постојано подобрување на релевантноста на резултатите. Google е компанија која со текот на времето постојано учи и го подобрува сопствениот алгоритам. Кога сопствениците на веб страните го научеа алгоритмот на Google и се обидуваа да го преварат тие ги откриваа сопствените слабости и постојано ги подобруваа.

Што е тоа што еден претприемач треба да го извлече како поука?

  • Без разлика што сте нов играч во индустријата, доколку навистина сакате да победите ќе победите.
  • Постојано размислувајте со очите на тековниот и потенцијалниот купувач. Размислувајте за дизајнот, квалитетот и функционалноста на Вашиот производ или пак услуга со очи на корисниците на тие производи или услуги. Нека биде едноставно, високо-квалитетно и функционално.
  • Најдете го проблемот што го имаат потенцијалните купувачи и решете го со Вашиот производ или пак услуга. Проблемот што Google го идентификувал во своето започнување е точноста на резултатите од пребарување и преголемо бомбардирање со банери и реклами. Сето тоа е вклучено во дизајнот и во нивниот алгоритам за пребарување.
  • Постојано подобрувајте. Не треба да помине ниту еден ден без барем еднаш да помислите како да го подобрите Вашиот бизнис или пак Вашиот производ или услуга.

Инаку филозофијата која го води Google да биде тоа што е релевантноста: Дајте им го на луѓето она што го сакаат и тоа што побргу, и колку што може поедноставно.

Доколку имате друга поука од областа на претприемништвото која можеме да ја извлечеме од Google, слободно поделете го Вашето мислење преку оставање на коментар.