jump to navigation

ИДЕА ЗА БИЗНИС Јануари 17, 2010

Posted by biznisidea in Идеи.
Tags: , , , , ,
add a comment

За да почнете со бизнис, најпрвин треба да имате некоја идеја – што сакате да работите?

Најдобар начин да имате добра идеја, е да имате многу идеи!

Бизнис идејата е почетокот на вашето планирање. Од неа доаѓаат сите натамошни размислувања за тоа како од таа идеја можат да се направат пари. Некој ќе рече дека денес во светот се е веќе измислено и нема што друго да се измисли. Некој друг пак ќе рече дека неговата идеја е оригинална и не ја кажува никому за да не му ја преземат. И двете страни се во право. И не се!

Точно е дека денес во светот што се движи молскавично во сите можни аспекти на живеењето, се повеќе луѓе измислуваат нови производи, услуги, нови начини и стилови на работа и нови пристапи. Светот денеска напредува толку брзо, што е скоро невозможно да се следат сите промени во одреден сектор на некој бизнис, а камо ли да се следат сите новитети на повеќе полиња истовремено. И навистина е тешко да се измисли нешто ново…

www.biznisidea.wordpress.com
Но, кажете му го тоа на Бил Гејтс од Microsoft или на Џеф Безос од Amazon.com! Каже те им го тоа на „момчињата“ од Coca Cola што ви го продаваат истиот пијалак со години! Тие пронајдоа нови начини на заработка со тоа што понудија нешто ново, нешто што на пазарот не беше дотогаш понудено. Било да е тоа тотално нов компјутерски систем наменет за обичниот човек, или он-лајн аукциска куќа каде можете да купите се и сешто од другиот крај на светот, или пак тоа е пијалак што ја задоволува жедта на милиони луѓе ширум планетата. Иновативноста не е секогаш нудење на нешто ново. Понекогаш е пронаоѓање на оној дел што може да се изведе поинаку, подобро или побрзо за да задоволува одредени потреби на пазарот. На пример, можете да имате најобична цвеќара, но луѓето да доаѓаат кај вас затоа што многу добро ги аранжирате букетите и вршите бесплатна доставка до сечиј дом. Или пак може да имате видеотека, која за одредена членарина, на своите клиенти им нуди бесплатен каталог на најновите филмски наслови преку е-маил.

Иновативноста на еден бизнис може да биде и една сосема обична дополнителна услуга, која ве одвојува од конкуренцијата и го прави вашиот бизнис поразличен од другите, но таа најпрвин мора да ги задоволува потребите на клиентите. Само така иновацијата може да го направи вашиот бизнис успешен!

Од друга страна, пак, повеќето луѓе се плашат да ја изнесат својата идеја, од страв некој друг да не им ја преземе. Разбирливо, но не секогаш оправдано. Освен во одредени случаи каде самиот производ/услуга што треба да се понуди на пазарот е сосем нов патент за кој мислите дека е круцијален за вашиот бизнис. Но тие производи/услуги најчесто немаат свои пазари, и многу е потешко да убедите некој клиент да го користи или употребува токму вашиот „фен за сушење на коса кој се полни на сончева енергија“ само затоа што таков немало досега!

Денес и не е толку важно од каде потекнува бизнис идејата. Таа може да дојде од каде било. Она што е важно е кој ја реализира и како ќе ја изведе. Никогаш не можете да бидетеe  сигурни дека токму вие, и само вие ја имате таа бизнис идеја и никој друг. Никогаш нема да дознаете дали додека вие размислувате како, на пример, да направите софтвер за менаџмент на хотели, некој си ваш врсник од Кина, Индија, или од соседниот град веќе ја има целосно осмислено и разработено програмата, и во моментот разгледува опции како истата да ја понуди на глобалниот пазар (преведена на неколку јазици), како бесплатен софтвер преку интернет. Или пак подоцна во весник прочитате дека на пазарот веќе постојат неколку локални компании кои го нудат истиот производ, заедно со бесплатни обуки за негово користење.

На пример, да земеме 20 луѓе, на сите да им дадеме по 5.000 евра и на сите да им кажеме да почнат одреден ист бизнис. Кога по 1 година дена би ги посетиле повторно да видиме до каде се со нивните бизниси, ќе имаме 20 потполно различни ситуации: некој ќе го има затворено бизнисот поради слаби приходи, некој ќе има изградено силен тим за продажба, некој од нив ќе го „порасне“ бизнисот и ќе се прошири, а некој можеби ќе се преориентира во друг сегмент од пазарот.  Сите луѓе и да сакаат не можат да водат одредени работи на сосема ист начин. Така е и со бизнис идејата, секој може да има слична идеја со некого или пак сосема иста, но начинот на реализирање на идејата сигурно нема да биде идентичен во двата случаи. Впрочем, погледнете наоколу, зошто и покрај толку многу продавници, бутици, ресторани и кафе-барови вие, сепак, преферирате само дел од нив? Зарем тие сите не се започнати со исти или слични идеи?!

Понекогаш дури е полесно да ја поделите вашата бизнис идеја со други луѓе за да добиете повратни информации од нив. Доколку вашиот бизнис биде наменет за поширока потрошувачка, би требало да ве интересира мислењето на вашите идни клиенти, нели? Или пак, доколку нудите услуги на други бизниси, би можело да добиете многу корисни совети доколку директно поразговарате со некој менаџер што, можеби, го познавате. Дури и не мора да бидат некои „посебни идни клиенти“! Можете едноставно да ги соберете пријателите, колегите или семејството, да им ја образложите вашата идеја и да ги замолите: „Доколку сте вие мојот клиент, што би сакале да добиете од мене (под кои услови, за која цена, на кој начин)?“ Можеби ќе видите колку вашите првични замисли се разликуваат (или поклопуваат) со нивните очекувања. Во тој случај, во најмала рака ќе дознаете дали сте на вистинскиот пат, или пак нешто се уште треба да се истражува или надополни (1).

Ако со некого си размените 100 денари, двајцата повторно ќе имате по 100 денари. Но доколку си размените по една идеја, двајцата ќе имате по две идеи, а истите би генерирале нови, или нов начин на размислување врз основа на истите!

Корисно е и да посетите некоја локална консултантска куќа или пак да побарате некој совет од локален експерт – тие сигурно имаат слушнато многу бизнис идеи и ќе ве упатат на евентуалните предности и недостатоци на одредениот тип на бизнис што сакате да го почнете. Доколку на пазарот веќе постојат одредени компании што работат врз нудење  исти или слични производи/услуги, може да се ставите во улога на клиент, да појдете до нив и изворно да ги дознаете сите карактеристики и услови на тоа што тие го нудат, или пак да поразговарате со некои од нивните клиенти.

Во секој случај, вашата бизнис идеја е вашата појдовна точка во бизнис светот, и сигурно дека сакате таа да прерасне во успешна приказна. Но за таа цел, ќе ви требаат и одредени знаења и бизнис вештини.

Не паничете, вие веќе ги имате…!

Рецесијата во технолошкиот сектор е завршена Јануари 16, 2010

Posted by biznisidea in Трендови.
Tags: , , , , , ,
add a comment

Во неодамнешната студија на истражувачката компанија Forrester се покажа дека рецесијата во технолошкиот сектор е завршена.

Се предвидува потрошувачката во овој сектор да скокне за 8,1 процент во оваа година, наспроти падот од минатата година кој изнесуваше 8,1 отсто. Западна и Централна Европа се очекува да го забележат најсилниот раст со трошење од 11,2 проценти. Канада се смета дека ќе забележи раст на потрошувачката за 9,9 насто, додека во регионот на Азија и Пацификот ќе изнесува 7,8 проценти. Следи Латинска Америка со раст од 7,7 отсто, а САД ќе забележи раст од 6,6 проценти, додека во Источна Европа, Африка и на Блискиот Исток растот ќе изнесува само 2,4 насто.
-Падот на активностите во технолошкиот сектор од 2008 г. и 2009 г. неофицијално заврши – изјави аналитичарот Андрењ Бартелс од компанијата Forrester. Сите услови за овозможување на раст се исполнети за 2010 година. Продажбата на софтвери ќе забележи раст во светот околу 9,7 отсто, како резултат од побарувачката за новиот оперативен систем Microsoft Windows 7. Потрошувачката на хардвер ќе се зголеми за 8,2 проценти, додека трошоците за телекомуникациска опрема ќе бидат 7,6 отсто, се предвидува во студијата.

Иновативен Менаџмент Јануари 14, 2010

Posted by biznisidea in Идеи.
Tags: , ,
add a comment

Менаџмент на иновации и њутновото јаболко

Сигурно се прашувате од каде вкаов наслов и од кога тоа да може да се управува со иновациите ?

Прво што би ви паднало на памет кога ќе помислиме на иновација е дека станува збор за нешто ново . Иновирање е процес на воведување на нови , добри идеи , услуги или практика со цел да бидат корисни , т.е иновација е воведување на исплатливи новитети .

Њутново јаболко

Како се доаѓа до новитети , до нови идеи ? како прво тоа не се случува случајно, туку треба да ви падне јаболко врз глава !!! Дали Њутн би го открил законот за гравитација ако не му паднело јаболко врз глава ? Да не паднело јаболкото , можеби  тој би продолжил да лежи и ке се случело нешто друго што би го поттикнало да го направи истото . Наоѓањето на одговорот било прашање на упорност и време.

Замислете Исак да бил роден во некое друго општество , окружување и семејство . ако истото тоа јаболко би му паднало врз глава во Шпанија за време на инквизицијата , тој сигурно би завршил на бесилка или гилотиња .

А да се обидеме да го замислеме Исак сега во 1 современо општество . И да се запрашаме дали верувате дека таквото окружување би било стимулативно ? Дали од неговото иновирање некој би имал корист ?

КАКО ЕДНА КОМПАНИЈА ДА СТАНЕ ИНОВАТИВНА ?

Се надевам дека сите се сложувате дека Њутновото иновирање од нешто било управувано . Можеби ненамерно , но навистина мноштво луѓе влијаеле врз него за да дојде до такво откритие . Окружувањето мора да биде стимулативно . Замислете само во тоа време некој да седнел и да ги проучувал кои се факторите кои ги тераат луѓето да бидат иновативни и како новите идеи да бидат корисни и употребливи . И замислете некој да формирал компанија која би работела на откривање на законите на управување со иновирањето . Па денес би имале стотици компании како Microsoft !

Зошто Microsoft  е тоа што е ? Дали нивнот успех е резултат на врвниот производен процес , ефективна бизнис организација , успешно брендирање , квалитет ан човечки ресурси и како се тие искористени ? Веројатно од се по нешто и уште толку !

Ако го прашаме Бил Гејтс која е најважна карактеристика на неговата фирма , тој со сигурност би одговорил дека ТАА Е ИНОВАТИВНА ! Тоа е така бидејки и покрај сите епитети кои ги поседува , таа постојано работи на нивно унапредување и работи за изнаоѓање на начин да биде уште подобра и поуспешна .