jump to navigation

Бизнис планирање за почетници Февруари 5, 2010

Posted by biznisidea in Претприемништво.
add a comment

Секој успех е претходно добро осмислен

Отсекогаш се дебатира околу планирањето и спонтаноста. Личностите кои планираат веруваат, дека за да биде човек успешен мора се да испланира, додека оние на кои планирањето не им е јака страна, ги прифаќаат работите онака како што доаѓаат и реагираат во моментот кога ќе се случи нешто.
Ако вие сте некаде помеѓу и мислите дека би имале поголем успех доколку ги испланирате нештата, а не знаете како да го направите тоа, следните совети се за вас.

– Одредете што сакате

Запишете што сакате и на краток и на долг рок. Немој да мислите дека пописот во главата ви е доволен, зошто така целта никогаш нема да се постигне. Извадете молив и хартија и напишете ги желбите

– Настојувајте кон 10% поголемо остварување од поставената цел и 10% пократок рок
Сите знаеме дека ниедна цел не е лесно остварлива, но ако се потрудите повеќе ќе ги зголемите своите шанси за остварување на целта. Зошто главно секогаш е потребно да се вложи повеќе труд и време од планираното.


biznis idea

– Поставете рокови
Ако само си речете дека сакате стан, тоа значи дека можете да го купите и за педесет години. Поради тоа би требале да поставите рокови, до кога вашите желби треба да се остварат. Потрудете се роковите да бидат реални. Нема шанси да купите стан во рок  од два месеци. А кога ги поставувате роковите земете ги во предвид своите можности и способности.

– Започнете со она што го имате

Кога нулата се множи со било кој број и понатаму останува нула. Така ќе биде и со вашата цел, ако сакате да ја остварите од ништо. Ако сте невработен, не можете да заштедите ниту да подигнете кредит за стан. Тогаш првата цел треба да ви биде да најдете работа, а потоа да размислувате за стан.

– Гледајте пошироко
Оваа е можеби потешко од се друго. При планирањето секогаш гледајте како тоа се вклопува во пошироката слика. Постои опасност доколку се насочите само на целта никогаш да не ја постигнете. Мора да видите како таа се вклопува во вашиот животен стил и вашите можности, поточно во опкружувањето во кое планирате да ја остварите таа цел

– Бидете подготвени на препреки

Мудриот човек секогаш ќе води грижа и за пречките и потешкотиите при остварувањето на својот план. Обидете се да предвидите што би можело да тргне на лошо и како ќе го надминете сето тоа.

– Пронајдете најслаба точка на својот план

Секогаш мора да постои најслаба точка. Тоа е нешто на што сметате, а не сте сигурни дека ќе помине. Затоа секогаш направете си резервен план, односно план Б.

– Престанете да планирате и почнете да дејствувате

Работата на планот е дел од планот. Планираната цел разделете ја на повеќе делови и тргнете со првиот чекор. Како што ќе се приближувате до целтта, нормално е попатно да го менувате планот. Никогаш не е можно да ги предвидите сите околности, па често ревидирајте го планот и барајте ги оние точки во кој можете да го подобрите.

Финансии за вашиот бизнис – Бизнис Ангели Јануари 23, 2010

Posted by biznisidea in Претприемништво.
Tags: ,
add a comment

Бизнис ангелите помагаат на  претприемачи кои имаат добри идеи, а немаат пари

Просечниот бизнис ангел е на возраст помеѓу 48 и 59 години и има магистерски степен на образование. Тој има искуство во менаџментот и издигнувањето на компании кои се во проблеми. Најголем дел од бизнис ангелите се менаџери-инвеститори. Тоа се постари извршни директори или отстранети работници, со релативно големо искуство и богатство, но кои сe уште не се подготвени за пензионирање

Ако сте претприемач кој бара капитал, тогаш обидете се да пронајдете некој од бизнис ангел кој ќе може да ве разбере дека ви е потребен капитал за да го спасите вашиот бизнис. Бизнис ангелите се особено популарни во Америка. Тоа се луѓе кои се пензионирани и кои сакаат да инвестираат во нови идеи или новоформирани компании.
По создавање на база на податоци од 8.200 активни бизнис ангели, Џералд Бенџамин и Џоел Маргилис ја напишаа книгата “Финансирање на ангелите: Како да пронајдете и да инвестирате во приватната сопственост”.
Нивното истражување покажува дека просечниот бизнис ангел е на возраст помеѓу 48 и 59 години и има магистерски степен на образование. Тој има искуство во менаџментот и издигнувањето на компании кои се во проблеми и инвестира помеѓу 25.000 и 250.000 по идеја, со една до четири такви идеи годишно.

www.biznisidea.wordpress.com
Врз основа на американската распределба на богатството, Бенџамин и Маргилис констатирале дека 2,6 милиони инвеститори се финансиски способни да преземаат високо-ризични инвестиции. Како и да е, пазарот на активни инвеститори е значително помал, од 100.000 до 300.000 инвеститори. Овие инвеститори се милионери кои “тежат” помеѓу 1.000.000 и 10.000.000 долари. Многу од овие милионери функационираат како неформални мрежи, каде споделуваат информации за инвестирање. Многу од “пониско рангираните” ангели, кои не се сопственици на бизнис, не се расположени да станат сериозни бизнис ангели. Авторите истакнуваат дека барањето на инвеститори со средства помали од 1.000.000 долари може да создаде проблеми. За да се заштитат инвеститорите кои не се бизнисмени од грабливците со сомнителни проекти, Комисијата за хартии од вредност ја ограничи и ја надгледува продажбата на хартиите од вредност. Целосната регистрација за јавна продажба на хартии од вредност е скап процес. Но , за да се реализира потребата на малите компании да подигнат капитал, Комисијата нуди извесни олеснувања. Овие приватни пласмани често ги ограничуваат рекламирањето и јавната понуда.

Постојат и голем број на ангели со богатство помало од еден милион, кои немаат поим од бизнис, но сакаат да инвестираат.
За среќа, многу од екстремно влијателните бизнис ангели, со богатство над 10 милиони долари, имаат професионални финансиски советници. Тие ги донесуваат одлуките за инвестирање наместо клиентите. Според Бенџамин и Маргилис, професионалните советници се исклучително чувствителни на ризикот. Особено важно е да се избегнуваат “уништувачите на зделки”. Тоа се финансиски советници кои ја саботираат секоја зделка, дири и онаа добрата. Клиентот му честита на “уништувачот на зделки” за заштитата од лоша инвестиција и му исплаќа огромен хонорар. Спротивно на тоа, некои од напуштените зделки можат да се покажат исклучително добри. Се работи само за навика да се изнајде причина за стопирање на зделката. Така “уништувачите на зделки” гледаат на својата работа.
Бидејќи бизнис ангелите најчесто имаат менаџерска или претприемничка позадина, тие настојуваат да го вреднуваат реалното бизнис искуство. Бенџамин и Маргилис се согласуваат дека не се спонзорираат бизнис плановите, туку луѓето, а особено оние со индустриско искуство.
Кога се пристапува кон бизнис ангелите, значајно е да се биде искрен околу негативните страни поврзани со вложувањата. Бизнис ангелот секогаш обезбедува информации за побарувачот на средствата, преку најмување на детектив за испитување на сето она кое како позадина го има претприемачот.
Индивидуалните инвеститори нема да одат кај претприемачот, туку тој ќе дојде кај нив. Тој мора да им покаже како идејата пазарно ќе функционира и да ја истакне сопствената способност во создавање, концептуализација и комуникација околу решението на сите проблеми што би се појавиле за време на издигнувањето на идејата.
“Бидете сигурни дека на бизнис ангелите им е важно производот или услугата да функционираат на пазарот”, истакнуваат авторите на книгата. На пример, Марк Твен изгубил огромна сума на пари и делумно банкротирал поради направените лоши инвестиции во еден тип на машини за пишување. Производот функционирал одлично, но на пазарот не бил посакуван.
Бизнис ангелите настојуваат да инвестираат во “некапитален интензивен бизнис”. Под “капитално-интензивен бизнис” се подразбира индустрија како бродоградбата.
Искусните бизнис ангели знаат дека растот на компанијата има потреба од повеќе капитал, отколку што е претходно обезбеден. Затоа, тие ги предвидуваат следните циклуси на финансирање кога го проценуваат проектот. Бизнис ангелите се прашуваат себеси: “Колку средства ние треба да обезбедиме во иднина и од каде? Што ќе се случи со мојата инвестиција? Која стапка на враќање на средствата ќе ја добијам?”
Оној што инвестира со знаење и идеја сака да соработува со инвеститор со “длабок џеб”, кој е веќе целосно посветен на успехот на претпријатието. Ако инвеститорот со “длабок џеб” веќе има инвестирано 1 милион долари во компанијата, сигурно е дека тој ќе обезбеди уште некој износ на пари за справување на компанијата со некој проблем.
Претприемачите требаат да ги избираат нивните инвеститори внимателно и најпретпазливо да го состават буџетот за подигнувањето на средствата. Дали инвеститорот има средства, очекувања и желба да продолжи и понатаму да финансира одделни фази од истиот проект? Бенџамин и Маргилис велат дека само 10 или 15% од целосниот износ на средства, се прикажува во буџетот при првичното обезбедување на пари.

www.biznisidea.wordpress.com
Најголем дел од бизнис ангелите се менаџери-инвеститори. Тоа се постари извршни директори или отстранети технички работници, со релативно големо богатство, но кои сe уште не се подготвени за пензионирање.
“Тие сакаат да се вратат на работа, но имаат премногу достоинство да го истакнат сопственото резиме на огласната табла. Она што можат да направат е да си го откупат своето вработување”, истакнуваат Бенџамин и Маргилис.
Овие извршни директори вообичаено се спремни да инвестираат од 100.000 до 200.000 долари. Не сакаат претприемачот да раководи со проектот, туку самите тие да раководат потпирајќи се на своето знаење и искуство.
Посакуваното ниво на вмешаност на инвеститорот во реализација на идејата, се договара помеѓу претприемачот и финансиерот. Меѓусебната хемија на овие две фигури е особено значајна за успехот на претприемничката идеја. Страните во зделката не се разидуваат веднаш по завршувањето на соработката.

Инвеститорот и претприемачот се согласуваат дека бизнисот е почеток на едно убаво пријателство.

5 Претприемачи кои започнале ( Навистина ) касно и постигнале многу ! Јануари 23, 2010

Posted by biznisidea in Претприемништво.
Tags: ,
add a comment

Претприемништвото е само за младите .

Пред се потребно е енергија , издржливост , сила , фокус , а најважно од се е времето да е на твоја страна .Независно од возраста , кога ќе ти се појави можност , искористи ја !!!

Погледнете ги следниве претприемачи кои бизнисот го започнале ( навистина ) касно :))

Jack Weil, Основач на Rockmount

www.biznisidea.wordpress.com

Jack A. Weil , починал на 13 Август , 2008 на 107 – годишна возраст . Импресивно е тоа што доживеал толку длабока старост , но уште позачудувачко е тоа што останал на чело на својата компанија и работел преку 40 часа неделно се до својата смрт !

Vo 1946 ја основа компанијата Rockmount , која се занимава со производство на добро познатата ” Western ” гардероба . Исто така тој е иноватор и на добро познатата Боло вратоврска .

Љубовта кон работата е неговата тајна за среќа , богатство и здравје .

Poppy Bridger,  Anaheim Test Labs

www.biznisidea.wordpress.com

По 45 години  работа  како хемичар , Poppy Bridger се пензионирала на 69 годишна возраст . Кога имала 72 год. и се укажала можност да ја купи лабораторијата во која работела претходно .

Денес , сеуште може да ја видите Poppy , како ги извршува секојдневните обврски во лабораторијата . Поради зголемената работа , таа ги вработила и својот син и ќерка , за да и помагаат .

иако има 84 години , таа годишно од лабораторијата заработува преку 350 000 $ .

Colonel Harland Sanders , Kentucky Fried Chicken

www.biznisidea.wordpress.com

Познатиот Colonel Sanders , својот бизнис го започнал на 65 години . Денес располага со преку 6 000 локации и приходи од над 2 милијарди долари .

Barbara Miller , Miller Paper Company

www.biznisidea.wordpress.com

Барбара по откажувањето од работата во хартиената индустрија , каде што работела 30 години , решила дека и е доста од тој бизнсис . Но во еден  разговор со нејзин поранешен колега , добила идеа да започне сопствен бизнис .

Тоа и го направила. Во Јануари , 1995 ја основала  компанијата Miller Paper Company, и започнала со 300 000 $ и само 15 вработени . Денес заработува 7 милиони долари годишно , и е прогласена за 1 од најбрзо растечките компании во САД .

Sylvia LiebermanArchibald Mouse Books

www.biznisidea.wordpress.com

Sylvia Lieberman , стана претприемач во 2007 , на 90 годишна возраст . Тоа се случи кога таа го постигна својот животен сон , издавајќи ја својата прва книга за деца.

Archibald’’s Swiss Cheese Mountain е книгата која ја добила наградата и зборува за едно мало глувче со големо срце , кое ги учи децата како да ги остварат своите големи сништа. Освен добар претприемач , таа е и филантропист . Имено , дел од заработката донира во 2 детски добротворни организации .

И покрај бројот на годините кои  ги има , за неа не претставува проблем да биде присутни на многу Тв , Радио емисии , да ги промовира своите книги . Со тоа само  го зголемува бројот на средствата кои ги донира !

Совети за успешен бизнис ! Јануари 18, 2010

Posted by biznisidea in Претприемништво.
Tags: , , , ,
add a comment

Претприемач, претприемаништво, бизнис, мал бизнис… Сето тоа се поими кои се длабоко поврзани со продобрувањето. Основна задача на секој претприемач или пак менаџер е да го подобрува бизнисот. Простор за подобрување во секој бизнис постои. Но, кои се оние клучни елементи кои може и треба да се започне со подобрување уште денес?

Пред да започнам со поставување на клучните елементи сакам да повторам дека процесот на подобрување може да се однесува на сите аспекти на бизнисиот и нема ограничен простор. Секое подобрување ќе може да доведе до ефект на пеперутка во севкупниот бизнис.

www.biznisidea.wordpress.com

Следниве елементи можете да започнете уште денес да ги подобрувате:

Претприемач

Претприемач е централна фигура во секој бизнис. Уште денес можете да започнете да се подобрувате. Знам дека доколку го читате оваа Вие сте тип н претприемач кој секојдневно се подобрува проширувајќи го сопственото знаење.

Ние како претприемачи со секој нов изминат ден стекнуваме ново искуство, ново знаење, нови вештини и нови навики кои доведуваат до наше подобро однесување во утрешниот ден. Потребно е само навистина добро да ги апсорбираме овие елементи и нормално да ги применуваме. Доколку не го примениме нашето ново, искуство, ново знаење, нова вештина и нова навика во утрешниот ден воопшто не сме се подобриле.

Маркетинг

Маркетинг е една од најважните карики во секој бизнис. Можеби не сте ни свесни колку може да се подобрат Вашите маркетинг активности со само едноставно следење на резултатите од секоја активност. Со промена во маркетингот ќе направите промена и во резултатите на бизнисот. Доколку секоја маркетинг активност ја подобрите за само малку за огромен процент ќе се подобрат бизнис резултатите. Еве некои совети:

  • Направете истражување на пазар.
  • Започнете со градење или подобрување на Вашиот кредибилитет.
  • Исфрлете ги сите маркетинг активности кои даваат слаби резултати.
  • Користете го 80/20 правилото.
  • Пробувајте различни медиуми.
  • Префрлете огромен дел од маркетинг активностите на интернетот.
  • Мерете ги резултатите и менувајте.
  • Проверувајте различни текстови и продолжувајте со оние кои даваат најголема конверзација..

Доколку само овие работи ги разгледате уште денес и започнете да ги применувате од утре подобрените бизнис резултати се загарантирани.

Стратегија

Како трет елемент ја избрав стратегијата бидејќи е најлесно да се промени и подобри. Менување на стратегијата е најбр, најлесен и најмоќен начин да ги промените бизнис резултатите. Стратегијата наједноставно кажано е нешто што го покажува патоказот за движењето на бизнисот во иднина

Стратегија е план на акции кои се дизајнирани за исполнување на одредени цели. Таа се насочува на КАКО наместо на ШТО.

Еве некои совети за да започнете со подобрување уште денес:

  • Разгледајте ги поставените цели.
  • Дали стратегијата која ја применувате води кон исполнување на поставените цели.
  • Пробајте да пронајдете и други патишта кои водат кон истите или пак кон поголеми цели.
  • Менувајте одлучно се за што сметате дека е исправно. Па, и да погрешите ќе го подобрите првиот елемент – претприемачот.

Бизнис Модел

Простор за подобрување на бизнис моделот на еден бизнис е неограничен. Прво доста е едноставно, целосно е под контрола на претприемачот и подобрувањето може да даде одлични бизнис резултати. Бизнис модел наједноставно претставува начин на изведување на бизнисот.

Секој бизнис има свој сопствен модел. Бизнис модел претставува начин на изведување на бизнис активности. На пример за малопродажба, бизнис модел може да биде набавка, изложување, маркетинг, продажба и повторно истото. Но, помеѓу овие процеси во моделот може да има повеќе различни подпроцеси. И токму во тоа е разликата помеѓу различните бизнисите. И токму во тие подпроцеси еден бизнис може да биде успешен, а друг ист таков неуспешен.

Еве неколку практични совети:

  • Претставете го графички бизнис моделот на Вашиот бизнис
  • Погледајте го и забележете ги идеите за подобрување.
  • Одморете малку – занимавајте се со нешто друго и повторно прегледајте го графикот на бизнис моделот.
  • Забележете ги сите подобрување и направете нов бизнис модел со вклучени подобрувања.
  • Од утре нека биде официјален новиот бизнис модел.

Капитал

Кога станува збор за капитал не мислам само на финансискиот, туку и на човечкиот и интелектуалниот капитал на еден бизнис. Мислам дека финансискиот капитал е јасен и сите го разбираме бидејќи се однесува на тоа колку пари и колкава финансиска моќ како бизнис имаме. Но, финансискиот капитал не значи и по автоматизам успех на бизнисот без следните два – човечкиот и интелектуалниот капитал. Една од поголемите грешки е кога се фокусираме на подобрување само на финансискиот капитал без останатите. Можеби затоа што најлесно е да се анализира бидејќи имаме готови алатки како анализа на готовински тек, анализа на добивка и загуба, финансиски извештаи итн.

Човечкиот капитал се луѓето кои работат во самиот бизнис и акумулираното знаење и вештини за исполнување на задачите во тие луѓе.

Интелектуалниот капитал претставува интелектуалната сопственост на бизнисот како што се правила, процедури, однесувања, организациска култура… Овој капитал се однесува на прашањата како го искористуваме човечкиот и финансискиот капитал, односно како го искористуваме знаењето, искуството и вештините на луѓето и парите за развој на нашиот бизнис.

Неколку совети за подобрувања во ова подрачје:

  • Размислете за тековната состојба на финансискиот, човечкиот и интелектуалниот капитал.
  • Забележете ги сите силни и слаби страни на истите.
  • Направете стратегија за да ги надминете слабите страни и да гиподобрите силните страни.
  • Започнете со подобрувањето од утре.

Ова се само 5 елементи кои можете навистина уште денес да ги подобрите, доволно е да оделите само 5 часа од Вашето време за да од утре имате бизнис кој навистина во голем дел ќе биде подобрен и ќе овозможува остварување на поголеми резултати.

10 ЧЕКОРИ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА БИЗНИС Јануари 16, 2010

Posted by biznisidea in Претприемништво.
Tags: , ,
add a comment

Започнување на бизнисот е едноставна работа.

Но, доколку сакаме да започнеме бизнис и да биде успешен потребно е да се следат некои чекори, потребно е да се изведат некои активности. Ова се 10 основни чекори за започнување на бизнис кои секој иден претприемач би требало да ги превземе. Она што е важно за овие чекори е то дека тие треба да се поминуваат еден по друг по редоследот кој е опфатен како би претставувале една целина за пред start up  фазата од животниот циклус на компаниjата.

www.biznisidea.wordpress.com

  1. Напишете повеќе идеи на хартија. Колку повеќе идеи имате толку е поголема веројатноста дека ќе ја изберете вистинската. Повеќе идеи ќе бараат повеќе размислувања уште во раната фаза бидејќи ќе морате да донесете одлука за тоа со која бизнис идеа да започнете. Ова ќе бара одредена анализа на пазарот со што ќе станете поблиски со вашиот иден пазар.
  2. Направете мала анализа на пазарот за тие идеи. Овој чекор не значи дека ќе мора да најмите консултант за анализа на пазарот. Ова е обична анализа преку разговори со вашите блиски и далечни роднини, пријатели, познаници и секој кој може да даде допринос во вашата анализа. Во овој чекор вие шетате по различни улици и го мерите сообраќајот. Ги следите можните конкуренти во однос на тоа колку луѓе дневно влегуваат и купуваат. Сите тие разговори или анкетирања, како и информации од терен ги бележите како би можеле да им дадете некоја оценка на различните бизнис идеи.
  3. Рангирајте ги врз основа на резултатите од анализата. Бидејќи во претходниот чекор собравте информации за бизнис идеите и им дадовте некоја оцена, рангирајте ги истите по редослед од оние со најголема оценка до оние со најмала оценка. Дополнително разгледајте ги првите три во однос на тоа колкава е разликата во оценките. Доколку од првата до третата и од првата до втората е голема разликата донесете одлука за прворангираната идеа. Но, доколку разликата е мала и незабележителна направете дополнителни истражувања и анализа како би ја избрале најдобрата.
  4. Разгледајте ја вашата финансиска состојба. Овој чекор е многу значаен како за вас лично така и за вашиот иден бизнис. Извадете ги сите пари што ги имате во банка, во фиока, во џебовите или било каде што чувате пари и избројте ги. Направете проценка за тоа колку пари ќе ви бидат потребни за стартување на бизнисот. Имате ли доволно? Ќе ви реба ли уште пари? Од кај да најдете доколу немате доволно? Одговорете на сите овие прашања и реализирајте ги одговорите за да преминете на следниот чекор.
  5. Направете бизнис план. Ретко кој бизнис кај нас започнува со бизнис план. Но, бизнис планот е тој што ќе ви ја прикаже иднината (барем на хартија) за вашиот бизнис. Бизнис планот е тој што ќе ви помогне во донесување на одлуки во текот на работење на вашиот бизнис во првите неколку години. Бизнис планот е тој кој ќе ви ги покажува целите и зацртаните патеки на вашиот бизнис. Едноставно, бизнис планот е тој што ја претвора вашата потенцијална енергија во вид на бизнис идеа во нешто веќе опипливо. И едноставно мора да имате бизнис план доколку сакате да ја избегнете анархијата при работењето на вашиот бизнис и да постигнете успех.
  6. Направете маркетинг план. Маркетинг планот може да бидне во склоп на претходниот чекор или како посебен чекор. на вас е да изберете. Ретко претприемачите кај нас размислуваат за маркетинг пред отпочнување на бизнисот. Но, добар маркетинг план ќе овозможи побрзо постигнување на вашите цели за отпочнување на бизнисот, а тоа е секако профитот.
  7. Внесете го во правниот систем (регистрирајте го бизнисот). За оваа не реба да имате никакво знаење, едноставно контактирајте некој адвокат или фирма која се занмава со регистрација и за мала надокнада ќе ја заврши сета работа. Доколку не сакате да плаќате одете во Централен Регистар или посетете ја нивната веб страна и прочитајте ги упатставата за регистрација и отребнте документи.
  8. Изберете локација. Вашата мала анализа од чекор 2 како и вашиот бизнис план опфаќаат анализа на локации. Изберете ја локацијата која од анализите е најдобра. Побарајте слободни простори и преговарајте за висината на наемот и направете договор. Доколку имате ваша локација и веќе сте одлучиле да ја користите прескокнете го овој чекор.
  9. Изберете вработени. Направете план за вреднување на кандидатите за вработување. Објавете оглас. Побарајте препораки. Интервјурајте ги. И оценете ги. Изберете ги оние со највисока оценка. Направете договор и легализирајте ги. Доколку планирате да работите како солопретприемач прескокнете го овој чекор.
  10. СО СИТЕ СИЛИ НАПРЕД!

Македонија со највисока претприемачка активност во Европа Јануари 12, 2010

Posted by biznisidea in Претприемништво.
Tags: ,
add a comment

Во Македонија генерално постојат позитивни перцепции за претприемништвото, а типичниот претприемач е маж на возраст од 25 до 34 години со повисоко ниво на образование и повисоки приходи

Направено е истражување  со телефонска анкета на 2.000 граѓани. За првпат вакво истражување во Македонија е спроведено во 2008 година.

Резултатите од истражувањето, што во Македонија го спроведоа Македонската развојна фондација за претпријатија и Центарот за развој на нови бизниси, укажуваат дека државата има највисока претприемничка активност од земјите во Европа. Стапката на претприемничка активност во рана фаза или ТЕА индексот изнесува 14,5 проценти што значи дека 14 отсто од испитаниците на возраст од 18 до 64 години се вклучени во некоја претприемничка активност не постара од три и пол години.

Истражувањето покажува дека 80 отсто од испитаниците сметаат оти претприемништвото е добар избор за кариера, а 66 отсто дека медиумите посветуваат соодветно внимание на претприемништвото. Триесет и пет отсто од нив наведуваат дека стравот од неуспех би ги спречил да започнат бизнис, а 40 отсто би започнале бизнис во следните три години.

Како најчести причини за почеток на бизнис, испитаниците го посочуваат финансирањето, а како најчеста причина за престанок на бизнисот се наведува непрофитабилноста и проблемите со финансирањето.