jump to navigation

Се намалува царината за стари возила на 1% Јануари 28, 2010

Posted by biznisidea in Македонија.
Tags:
trackback

Царинската стапка за стари возила увезени од Европската унија ќе се намали од два на еден отсто. Според директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, царинската стапка за увоз на стари возила од земји надвор од ЕУ ќе се сведе на царинската стапка за нови во висина од пет отсто.

biznis idea
-Со стапувањето на сила на прописите, Царината нема да има проблем во работењето, смета Каргов. Тој објаснува дека овие измени истовремено ќе го решат и проблемот на 20.000 возила со странски регистарски таблички. Каргов најавува имплементација нови информатички технологии во работата на Царината, што ќе придонесе за нејзино поефикасно работење.

Коментари»

No comments yet — be the first.

Напишете коментар